3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПродажбата на паметни телефони забележа раст од 20 проценти

Продажбата на паметни телефони забележа раст од 20 проценти

smartphone_23041

Светската продажба на смартфони во третиот квартал од 2014-та година порасна за 20 проценти во однос на истиот период од лани и достигна 301 милиони уреди, покажаа податоците на истражувачката компанија „Gartner“.

Лидер во продажбата на смартфони е јужнокорејскиот гигант „Samsung“, со удел на пазарот од 24.4 отсто, иако продажбата забележа пад од 8.89 проценти или на 73.2 милиони уреди, пренесуваат светските агенции.

pro smartg

Уделот на американски „Apple“ беше 12.7 отсто со зголемување на продажбата од 25.9 проценти или 38.1 милиони примероци на „iPhone“.

Раст во продажбата забележаа и кинеските производители. „Huawei“ продаде 15.9 милиони смартфони, 36.6 отсто повеќе отколку во третиот квартал од 2013-та година.

„Xiaomi“ ја зголеми продажбата за дури 336 проценти или 15.77 милиони уреди, заземајќи со тоа 5.2 отсто од пазарот.

pro smartg1

Уделот на „Lenovо“ на пазарот на паметни телефони достигна пет проценти, откако компанијата ја зголеми продажбата за 16.5 отсто или 15 милиони уреди.

Компанијата „Gartner“ e oснована во 1979-та година и е специјализирана за истражување на пазарите на информатичките технологии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП