2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИH&M го заклучи кварталот со двоцифрен скок во продажбата

H&M го заклучи кварталот со двоцифрен скок во продажбата

hm

Шведскиот моден ланец „Hennes & Mauritz“ (H&M) објави денеска за 10 процентниот скок на продажбата во ноември, па така заклучувајќи го четвртиот квартал со двоцифрено зголемување на продажбата, по скромниот почеток.

Во ноември продажбата искажана во локална валута забележа раст од 10 отсто во однос на истиот период од минатата година, со што компанијата го затвори четвртиот квартал со двоцифрена стапка на раст, по октомвриската продажба од 14 проценти и скромните осум отсто во септември.

Добар разултат е оставарен и покрај невообичаено високите температури за овој период од годината, поради што купувачите го одложуваа купувањето на зимска облека.

Па така во целиот период од 1-ви септември до 30-ти ноември приходите искажани во локални валути надминаа 11 проценти или на 49.6 милијарди шведски круни (5.64 милијарди долари), соопштија од „H&M“.

Овој шведски ланец на крајот на ноември броеше вкупно 3.511 продавници во 55 земји ширум светот. На крајот на минатогодишниот ноември оваа бројка изнесуваше 3.132 продавници.

Извештајот за годишните деловни разултати се најавени за 28-ми јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП