18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСтартуваше продажбата на првиот автомобил на водород (фото)

Стартуваше продажбата на првиот автомобил на водород (фото)

toy mirai

На јапонскиот пазар денеска пристигна „Toyota Mirai“, првиот продукциски модел на овој производител со погон на водородни горливи ќелии.

„Toyota“ планира до крајот на 2015-та година да пласира на светскиот пазар 700 од овие автомобили, од кои 400 би требало да бидат испорачани на купувачите во Јапонија, 200 во САД и 100 во западна Европа.

Поради големиот интерес, во Јапонија бројот на прелиминарни нарачки на моделот „Mirai“ значително го надмина планот за продажба. Затоа од „Toyota“ најавија дека до крајот на 2015-та година во развојот на производството на автомобили со мотори на водород ќе вложи 20 милијади јени (околу 135 милиони евра) и тројно ќе го зголеми количеството на примероци на 2.100 возила годишно.

toy mirai1

Дел од инвестицијата ќе биде насочен за проширување на извозот во земјите од Европа и САД.

„Toyota“ очекува дека САД ќе биде најважниот странски пазар за „Mirai“ и има намера до крајот на 2017-та година во таа земја да продаде повеќе од 3.000 од овие возила. Значително зголемување на производството на возила на водород (на 50.000 годишно) е планирано за 2020-та година, кога во Токио ќе се оддржуваат Олимписките Игри.

До 2030-та година, секој десетти автомобил во Јапонија ќе користи за погон водородни горливи ќелии, што на економијата на оваа земја ќе и донесе дополнителна добивка од 27 милијарди евра.

toy mirai2

Главната препрека за ширењето на автомобилите со мотор на водород е недостатокот од потребната инфраструктура.

Сега во Јапонија има само 30 станици за ваквите автомобили и кои се сконцентрирани во големите градови – Токио, Нагоја, Осака. Меѓутоа, веќе во 2015-та година бројот на специјализирани станици ќе се зголеми за три пати.

Цената на новиот модел „Toyota Mirai“ во Јапонија изнесува 7.23 милиони јени (49.000 eвра). Покрај тоа, владата дава субвенции за секој купувач на ваков автомобил во висина од околу 14.000 евра, па така реалната цена е околу 35.000 евра.

toy mirai3

Покрај тоа, сопствениците на располагање имаат бесплатна помош на патот, 24 часа дневно, како и осумгодишна гаранција на моторот.

Единствениот производ за работа на моторот на „Toyotа Mirai“ e вода, што значи дека атмосферата не испуштаат никакви штетни материи. Со полн резевоар може да се помине 650 километри пат, а за негово повторно полнење е потребно околу три минути.

Вториот голем јапонски производител, „Honda“, планира на почетокот на 2016-та да започне со продажба на автомобили со мотор на водород, додека „Nissan“ својот модел ќе го претстави во 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП