6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБензините поевтинуваат за 4,5, а дизелот за четири денари

Бензините поевтинуваат за 4,5, а дизелот за четири денари

benzin4

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 4,5 денари, односно за 4 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Литар ЕУРОСУПЕР БС­95 ќе се продава за 65,50 денари, а ЕУРОСУПЕР БС­98 за 67 денари.

Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д­Е V) ќе изнесува 56 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ­1) 44,50 денари.

Цената на мазутот М­1 НС се намалува за 3,354 денари за килограм и ќе изнесува 27,512 денари.

Малопродажнате цена на горивата во просек е намалена за 7,57 проценти.

Регулаторната комисија за енергетика ја утврди новата цена на горивата врз основа на движењата на цената на суровата нафта на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите 14 дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП