8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал повторно го доби Шалке во осминафиналето од ЛШ!

Реал повторно го доби Шалке во осминафиналето од ЛШ!

pehar ls 35

Денес во седиштето на УЕФА во Нион беше извршена ждрепката за осминафиналните парови од овогодинешното издание на Лигата на Шампионите.

Ни претстојат многу возбудливи судири напролет. Како најинтересни дуели можеме да ги одвоиме паровите ПСЖ – Челзи и Манчестер Сити – Барселона. Јувентус и Борусија Дортмунд, пак, ќе одиграат повторување на финалето од 1997-ма година.

Бранителот на титулата, Реал Мадрид го доби истиот противник од минатата година, а тоа е екипата на Шалке 04, а доколку се сеќавате до финалето „кралевите“ ги елиминираа останатите германски клубови, Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.

Осминафинални средби во ЛШ:

ПСЖ – Челзи

Манчестер Сити – Барселона

Баер Леверкузен – Атлетико Мадрид

Јувентус – Борусија Дортмунд

Шалке 04 – Реал Мадрид

Шахтјор Донецк – Баерн Минхен

Арсенал – Монако

Базел – Порто

Натпреварите ќе се играат на 17/18 и 24/25 февруари 2015-та година, а реваншот на 10/11 и 17/18 март 2015-та година.

Четвртфинале:

14/15 април 2015-та година

21/22 април 2015-та година

Полуфинале:

5/6 мај 2015-та година

12/13 мај 2015-та година

Финале:

6-ти јуни 2015-та година

Берлин, „Олимписки стадион“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП