2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИТајната на Стив Џобс: На секоја реклама на iPhone е 9:41 часот,...

Тајната на Стив Џобс: На секоја реклама на iPhone е 9:41 часот, еве зошто!

9.41

Со овој потег, брендот дава јасно до знаење дека „iPhone“ и натаму ги негува основните вредности кои Стив ги градеше.

Пример за врвен бренд е „iPhone“. Тоа што дополнително го прави посебен е вниманието на деталите при промоцијата на своите производи. Имено, дали досега имате забележано дека на секоја, ама буквално на секоја, реклама за „iPhone“, на производот е истото време на часовникот. 9:41 AM. Зошто токму 9:41?

Оваа приказна датира уште од 2007-ма година кога Стив Џобс го престави првиот „iPhone“ на „Macworld Conference & Expo“ во Сан Франциско. Тој тогаш рекол дека тој ден го очекувал последните две ипол години и дека од време на време ќе се појавуваат револуционерни производи кои ќе го променат пазарот. Во тој момент, во 41-вата минута од неговото излагање, зад него се појави фотографијата од првиот „iPhone“, кој го покажуваше времето 9:41, токму точното време од тој „револуционерен“ момент.

9.411

Не е случајно.

Ова воопшто не беше случајно. Пред самата презентација беа направени детални истражувања и беше утврдено дека од 40-та до 42-ра минута од презентацијата е идеално време за преставување на нов производ, поради тоа што во тој момент слушателите посветуваат најголемо внимание на презентацијата на производот.

Потоа секој следен производ од семејствата „iPhone“ и „iPad“ за прв пат е претставен токму во 41-вата минута од презентацијата и сите го покажувале истото време, што е користено и на комплетниот маркетинг материјал. Погодувате… 9:41.

9.412

Што ова денеска значи за „iPhone“?

По смртта на Стив Џобс, многумина му замеруваа на брендот дека ги менувал основните идеи за да ги задоволи вкусовите на потрошувачите. Со овој потех брендот даде јасно до знаење дека „iPhone“ и натаму ги негува основните вредности кои Стив ги градеше со години и дека создава нови приказни кои овој бренд уште посилно ги втиснува во нашите умови. Навистина генијално, се согласувате…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП