28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПет знаци дека Ви го прислушкуваат телефонот!

Пет знаци дека Ви го прислушкуваат телефонот!

presluskuvanje 2

Денеска секој има мобилен телефон и воопшто не е тешко некого да се прислушкува од било која причина. Дали можеби и Вие сте „мета“ на некој љубопитен пријател или познаник? Погледнете на кој начин можете тоа да го откриете.

Постојат неколку начини да се прислушкува телефонот, а Вие тоа воопшто да не го забележите.

Батеријата многу бргу се троши!

Тоа е класичен знак дека некој Ви го прислушкува телефонот. Батеријата во мобилните телефони бргу се троши, затоа што програмите за прислушкување ја црпат нејзината моќ и кога уредот не се користи.

Бавно исклучување на телефонот!

Доколку неможете на нормален начин да го исклучите телефонот или му е потребно повеќе време отколку вообичаено, шансите се големи дека некој ви го прислушкува телефонот. Причината е тоа што е потребно нешто подолго време сите програми за прислушкување да се исклучат.

Чудни звуци!

Бучавата за време на разговорот или чудно зуење покажуваат дека постои голема веројатност дека Ви го прислушкуваат телефонот. Многумина не размилсуваат за таа опција, затоа што сметаат дека врската е лошо воспоставена. Сепак, денешната телекомуникациска технологија многу е напредната и современа, така да пречките кога станува збор за сигналот се многу ректи.

Дистрозија на гласот!

Исто така еден од класичните знаци дека се прислушкува телефонот. Доколку слушнете т.н. роботски глас од личноста со која разговарате, можно е некој да го снима или слуша вашиот разговор.

Додека не го користите телефонот!

Особено внимание морате да посветите доколку забележите дека телефонот чудно се однесува, затоа што е можно дека имате инсталирано програма за прислушкување. Оваа програма е многу лесна да се вметне во нечиј телефон, преку „e-mail“ или со префрлување на податоци преку „Bluetooth“.

Меѓутоа, не се само мобилните телефони кои се загрозени. Исто така можно е да се прислушкуваат и фиксните телефони, поради тоа потребно е да посветите внимание на чудните звуци, а особено на зуењето и шушкањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП