19 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНови информации за моделот S6

Нови информации за моделот S6

no s

На интернет продолжуваат да се појавуваат информации за еден од најочекуваните смартфони за следната година – „Galaxy S6“.

Очекувањата кон уредот се големи, бидејќи тој треба да го замени моделот „Ѕ5“ кој не беше особено успешен во продажбата. Традиционално серијата „Galaxy S“ на јужнокорејската компанија „Samsung“ e најпродаваната од компанијата и во таа насока последната верзија се смета во голема мера за „неуспех“, со оглед на нејзината слаба продажба.

Од 5-тата верзија на моделот беа продадени 12 милиони единици во првите три месеци од нејзиното претставување во однос на продажбата во износ од 20 милиони единици за првите 68 дена на неговиот претходник – „Galaxy S4“.

Од „Smasung“ ветија дека ќе се вратат на стартите патеки со новиот модел, што доведе до бројни шпекулации и надуени очекувања за новиот „S6“.

no s1

Објавена беше и слика на наводниот „S6“ во данскиот технолошки блок „Toptienmobie“. На сликата се гледа еден доста завршен прототип, испратен на блогот од непознат „e-mail“. Се разбира, нема гаранции дека навистина така ќе изгледа новиот модел. Инаку моделот наликува како претходниот „S5“, иако границите на екранот се потенки и е преместена камерата. Од сликата неможе да се види дали моделот ќе е со метална рамка или со пластична.

Во однос на техничките карактеристики „Galaxy S6“ се очекува да е со 5,5 инчен дисплеј со резолуција од 2.560 x 1.440 пиксели, 20-мегапикселна камера, 3 GB оперативна меморија и 32 GB внатрешна меморија. Многу е веројатно тој да е со новиот процесор „Snapdragon 810“ или новиот модел на „Samsung – Exynos 7420“. Се очекува моделот да биде претставен на саемот во Барселона во март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП