19 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHyundai i30 Turbo со 186 ks (фото)

Hyundai i30 Turbo со 186 ks (фото)

turbo i30

„Hyundai“ за 2015-та го подобри својот компактен хечбек „i30“. Покрај променетиот дизајн на предната маска и светлосните групи, најважна новост е воведување на „Turbo“ верзија со бензинец кој произведува 186 „коња“.

„Hyundai i30 Turbo“ ќе им биде достапен на купувачите во верзии со 3 и 5 врати.

turbo i301

Во основа станува збор за модифициран 1.6-литарски четирицилиндарски мотор кој се користи во моделите „Kia Cee’d GT“ и „Pro_cee’e GT“, во кои развива 204 ks (150 kW) и 265 Nm.

За потребите на „Hyundai i30“, моќта на турбо-бензинецот е намалена на 186 ks (137 kW), при што е задржан максималниот вртежен момент.

turbo i302

Моторот е поврзан со шестбрзински мануелен менувач, кој му овозможува на автомобилот од 0 дo 100 km/h да забрза за 8 секунди и да ги развие максималните 219 km/h.

Покрај моќниот мотор, „i30 Turbo“ има променета суспензија и управувачки систем, додека наместо стандардните, монтирани се 18-инчни тркала.

turbo i303

За ограничување на моќта задолжени се сопирачките со вентилациони предни дискови со пречник од 300 mm. Позади се класични дискови со димензија од 284 mm.

„Hyundai i30 Turbo“ се разликува и по аеродинамичките и украсните детали, како масивниот браник, додатоците на праговите, двете цевки на издувниот систем…

turbo i304

Автомобилот е опремен и со би-ксенот фарови со „LED“ дневни светла, спортски седишта, а променет е и изгледот на инструмент таблата.

Што се однесува до стандардната верзија на „Hyundai i30“, моделите за 2015-та имаат нова шестаголна маска на ладилникот со 4 хромирани лајсни, а кога станува збор за надворешноста, во понудата ќе се најдат и нови нијанси на црна, портокалова и бела.

turbo i305

На располагање ќе бидат два атмосферски бензински мотори, 1.4-литарски со 100 ks и 134 Nm и 1.6-литарски со 120 ks и 156 Nm.

Oд дизелите, достапни се 1.6-литарски турбо мотори со 110 ks и 136 ks. Двете верзии произведуваат 280 Nm максимален вртежен момент, кога моторот е поврзан со шестстепен мануелен менувач, односно со 300 Nm во опција со седумбрзински автоматик.

turbo i306

„Hyundai i30“ зa 2015-та, вклучувајќи го и „Turbo“ моделот, ќе пристигне во продажните салони во првите месеци од наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП