4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНов штрајк во Amazon

Нов штрајк во Amazon

amazon

Германскиот синдикат на работниците „Verdi“ повика на нов тридневен штрајк на работниците во пет магацини на „Amazon“, компанија за продажба на стока на интернет, во време на прометниот предбожиќен период, поради несогласувањата околу плаќањето и условите за работа.

Во соопштението на синдикатот се наведува дека се повикани работниците на штрајк во дистрибутивните центри во местата Бад Херсфелд, Лајпциг, Грабен, Рајнберг и Верн.

Прекинот на работата ќе започне во ноќната смена од недела (14. декември) и ќе трае до крајот на последната смена во среда (17. декември).

„Verdi“ сака „Amazon“ да ги зголеми платите на работниците во дистрибутивните центри во согласност со колективните договори во германската поштенска и малопродажна индустрија и по тој повод досега организираше неколку штрајкови од почетокот на 2013 година.

Американската компанија вработува речиси 10.000 работници во девет центри во Германија, земја која е нејзиниот втор по големина пазар во светот, зад САД. Компанијата вработува и повеќе од 10.000 сезонски работници.

„Amazon“ категорично одбива да ги признае правата на работниците од колективниот договор и на синдикатите гледа како на непотребни“, изјави шефот на „Verdi“ Стефани Нуценбергер, додавајќи дека компанијата би можела да го запре штајкот со прифаќање на колективниот договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП