„Apple“ многу скоро ќе започне со масовно производство на паметни часовник. Очекувањата се дека во следните шест месеци тајванската компанија „Quanta Computer“ ќе произведе околу 18 милиони примероци од овој уред.
Според тајвански аналитичари производството ќе почне во втората половина на декември, додека локалните медиуми известуваат дека ова може да се случи и во јануари. Тајванскиот „United Daily News“ објави дека првично ќе бидат произведени помеѓу 3 и 5 милиони часовници.
„Apple Watch“ ќе се нуди во три различни стилови (стандарден, спортски и луксузен), со две големини на екранот (3.81 см и 4.19 см) и со различни каишки.
Се уште не е позната цената на „Apple Watch“, но се очекува таа да почнува од 349 долари. Очекувањата на аналитичарите од „Волстрит“ се дека компанијата ќе продаде меѓу 20 и 30 милиони уреди во 2015-та година.