2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонгресот на САД одобри 577 милијарди долари за одбраната

Конгресот на САД одобри 577 милијарди долари за одбраната

kongres sad2

Конгресот на САД одобри вчера годишен предлог­ закон за политиката на одбраната, кој одобрува американска обука на ирачки и сириски сили, кои војуваат против Исламска држава, и одобри вкупни трошоци за одбраната од 577 милиjарди долари, вклучително 64 милијарди за војни во странство.

Предлог­законот го одобри основниот буџет на Пентагон од 496 милијарди долари, во согласност со барањето на Обама, плус околу 64 милијарди долари за конфликти во странство, вклучувајќи ја војната во Авганистан.

Со него се одобруваат и 17,9 милијарди долари за работата на Министерството за енергетика за нуклеарно вооружување.

Сенатот го одобри предлог­законот и го испрати на претседателот Барак Обама на потпис.

Претставничкиот дом го изгласа минатата седмица текстот, кој ја определува политиката на одбраната и ги одобрува трошоците за 2015 финансиска година, која започна на 1 октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП