8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВтората генерација на Q7 е подготвена да дебитира (фото)

Втората генерација на Q7 е подготвена да дебитира (фото)

q7 nov

На интернет се појавија првите фотографии од втората генерација на најголемиот „SUV“ модел на „Audi“.

Кога зборуваме за дизајнот на новиот „Audi“, главно го користиме зборот „еволуција“ – стилските разлики меѓу две генерации се во детали.

Предниот дел на новиот „Q7“ е дизајниран со новите тенденции во дизајнот на германскиот производител, кои можевме да ги видиме на „Audi TT“ и редизајнираниот „Q3“, со многу остри линии и аголни форми.

q7 nov1

Маската на ладилникот има нагласена хромирана рамка, слично како кај „Audi Q3“. Фаровите се дизајнирани така да што се направени според компактниот кросовер на „Audi“.

Разликите меѓу двете генерации се помали во задниот дел. Формата на стоп-светлата е поедноставна, а од долниот дел на браникот се испакнати две трапезоидни цевки на издувниот систем.

Во ентериерот доминира голем, одвоен екран на мултимедијалниот систем, кој како и кај повеќето нови „Audi“ возила е поставен како таблет на врвот на централната конзола.

q7 nov2

Под површината се кријат значајни промени, со оглед дека „Audi Q7“ е поставен на полесната, „MLB“ платформа.

Повеќе фотографии и технички детали за новиот „Q7“ ќе бидат познати кога „Audi“ ќе објави официјално соопштение.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП