3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMahindra сепак ќе го купи Saab

Mahindra сепак ќе го купи Saab

mahindra saab

Индиската компанија планира да го купи сегашниот сопственик на „Saab“, конзорциумот „NEVS“, со што ќе ја превземе контролата над оваа автомобилска марка, пишува „The Financial Times“.

Компанијата „Mahindra & Mahindra“ беше заинтересирана да го превземе „Saab“ уште во 2012-та, кога овој производител се најде во финансиски проблеми, но шведската автомобилска марка подоцна истата година ја купи „NEVS“.

„NEVS“ во 2013-та го обнови производството на моделот „9-3“ и најави електрична верзија на ова возило, но реализацијата на плановите беше стопирана кога еден од двата инвеститори го напушти конзорциумот, па „Saab“ втор пат за три години се најде пред банкрот.

Компанијата неодамна од судот во Шведска побара одложување на стечајната постапка, со цел да пронајде нов финансиер, а според пишувањето на британскиот весник, станува збор за индискиот производител на автомобили, „Mahindra“.

„Mahindra“ најверојатно е многу близу до договор со „NEVS“ околу купувањето на мнозинскиот пакет на акции на компанијата. Истиот извор наведува дека Индијците планираат да го забрзаат враќањето на „Saab“ на западните пазари, но и да продолжат со развој и производство на електрични автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП