3 јули, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGalaxy Grand 3 - поразличен од најавениот

Galaxy Grand 3 – поразличен од најавениот

 

Galaxy-Grand-3-TENAA

На почетокот на ноември пишувавме за идниот фаблет на „Samsung“ од серијата „Galaxy Grand“, односно за моделот „Galaxy Grand 3“.

Tогаш ги објавивме и повеќето спецификации, кои го вклучуваа 5.5-инчниот „HD“ екран со резолуција од 1280 x 720 пиксели, процесорот „Snapdragon 410 SoC“ со такт од 1.2 GHz, 1.5 GB RAM, 16 GB интерна меморија, камерата со резолуција од 12 MP (задна) и 5 MP (предна), како и дека новиот „Grand“ ќе ја користи „KitKat“ верзијата на „Android“.

Oваа недела „Galaxy Grand 3“ доби и официјално одобрение од кинеската агенција за регулација на пазарот на телекомуникации – „TENNA“. Воедно станаа познати и дополнителни спецификации, кои се однесуваат на големината на екранот, димензиите, дебелината и тежината на уредот, како и „microSD“ поддршката.

Наместо најавениот 5.5-инчен екран, „Galaxy Grand 3“ ќе има нешто помал екран со големина од 5.25-инчи. Исто така задната камера (главната) нема да има резулоција од 12, туку од 13 MP, додека предната наместо најавените 5 ќе има резолуција од 8 MP. Уредот ќе има димензии од 146 x 74.8 милиметри, дебелина од 7.95 милиметри, а тежината ќе изнесува прифатливи 140 грама. Од наведените спецификации видливо е дека новиот модел е за 29 грама полесен и за еден милиметар потенок од претходникот.

Почетниот простор за чување податоци од 16 GB ќе биде можно и дополнително да се прошири со „microSD“ мемориски картички. Корисниците кои ќе имаат потреба за поголем простор, истиот ќе можат да го прошират за дополнителни 128 GB.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар