5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon воведе ценкање

Amazon воведе ценкање

amazon fulll

„Amazon“ воведе нова опција за купување која им овозможува на купувачите со притискање на копчето „Make an offer“ да понудат своја цена, наместо едноставното додавање во кошницата за купување на страната.

Купувачите сега можат да испраќаат понуди за преку 150.000 работи на страната, меѓу кои се и уметнички дела, ретки парички и други колекционерски производи кои ги продаваат екстерните продавачи на страната.

Од компанијата јасно дадоа до знаење дека опцијата „Make an Offer“ ќе биде достапна само за одредени категории на производи и нема да биде овозможена за производи, како што се електричните и домашните уреди.

make offer 22222222

Купувачите со кликнување на „Make an Offer“ можат да понудат пониска цена за која се подготвени да ја платата за одреден производ. Потоа преку „e-mail“ автоматски го известуваат продавачот за понудената цена и тој може да ја прифати или одбие истата. Кога „ценкањето“ ќе заврши и двете страни се договорат околу цената, купувачот едноставно го става овој производ во кошницата за купување.

Компанијата од Сиетел наведува дека сака купувачите да се чувствуваат како во обичните продавници, каде што можат да бараат подобра цена, но индиректно. „Amazon“ мора да се соочи со се поголемата конкуренција на домашниот пазар, а исто така и да зачекори во полето на „eBay“, кој е неприкосновен „владател“ кога станува збор за аукциите.

Oва не е прв пат „Amazon“ да стартува аукциска продажба на страната, веќе далечната 1999-та година, „Amazon“ започна со „online“ аукциска продажба со цел да се соочи со „eBay“, но не успеа долго да се задржи на ова поле на „е-трговија“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП