10 мај, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПовеќе од 2 милијарди смартфони до 2016-та година

Повеќе од 2 милијарди смартфони до 2016-та година

mob smart

Според истражувањето на компанијата „eMarketer“, популарноста на паметните телефони и натаму ќе расте, а до 2018-та година би требало да обезбедат мнозинство меѓу мобилните уреди во светот со удел од 51,7%.

Во текот на 2016-та година во целиот свет ќе има околу 2,16 милијарди паметни телефони. За споредба, во 2013-та во светот имаше 1.3 милијарди паметни телефони, а оваа година бројката изнесува 1,6 милијарди.

Причината за раст на популарноста на паметните телефони е фактот што во пазарите во развој се зголемува бројот на потенцијални корисници и имаат се подобра и распространета можност за пристап до Интернет. Пред тоа не беше така, затоа што паметните телефони без пристап до Интернет, се речиси целосно бескорисни, па луѓето ги употребуваа т.н. „dummy phone“ уреди.

Земјата со најголем раст на корисници на паметни телефони ќе биде Кина, а моментално во оваа земја има 520 милиони корисници на смартфони. Во 2018-та оваа бројка би требало да изнесува 704 милиони.

Бројот на корисници на паметни уреди во Индија од 76 милиони во 2013-та, би требало да забележи раст на 279,2 милиони во 2018-та година. САД за четири години би требало да се најде на третото место според бројот на корисници на паметни телефони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП