ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМајкрософт прифати плаќање во биткоини

Мајкрософт прифати плаќање во биткоини

bitcoin

Компанијата Мајкрософт донесе одлука дека ја прифаќа виртуелната валута биткоин, со која од сега ќе може да се плаќаат разни услуги на оваа компанија.

За нив ќе може да се купат видео игри, видео опрема за Икс бокс конзолата, апликации за телефони, како и друг Мајкрософт софтвер.

Засега со биткоини ќе можат да плаќаат само купувачите во Америка.

Мајкрософт е последен од низата на големи компании кои ги прифатиле биткоините.

Пред нив тоа го направиле Пејпал, Дел, Експедија, Њуег и други фирми.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП