18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCitroen C4 зa 2015-та (фото)

Citroen C4 зa 2015-та (фото)

c4 nova

„Citroen“ e уште еден производител кој влегувањето во новата година ќе го одбележи со редизајн на некој од своите модели. Со мали козметички промени, редизајнираниот „C4“ доби и нов трицилиндарски мотор со 110 ks.

Со оглед дека поминаа 4 години од премиерата на втората генерација на моделот „C4“, беше крајно време „Citroen“ да го освежи својот компактен хечбек.

Разликите меѓу актуелната и новата верзија на прв поглед се незабележливи. Од „Citroen“ објаснуваат дека се вградени редизајнирани фарови, кои сега имаат интегрирани дневни „LED“ светла, додека на задниот дел е променет распоредот на елементи во рамките на стоп-светлата, а на купувачите ќе им бидат понудени и нови 17 инчи алуминиумски бандажи.

c4 nova1

Списокот на промени во ентериерот опфаќа нови материјали на навлаките, поедноставна и функционална конзола.

„Citroen C4“ зa 2015-та е опремен и со безконтактно отклучување на автомобилот и стартување на моторот, а меѓу опциите се и масажер на возачкото седиште, панорамски стаклен покрив, систем за асистенција при тргнувањето на возилото на нагорнина, како и систем за детекција на автомобил кој се наоѓа во мртвиот агол на возачот.

c4 nova2

Овој модел во понудата ќе го има новиот „PureTech“ турбо-бензински мотор со 3 цилиндри. Новиот бензинец ќе произведува 110 ks при 5.500 o/min и 205 Nm максимален вртежен момент, достигнувајќи го веќе на 1.750 o/min.

Моторот е поврзан со мануелен менувач, а според фабричките податоци просечната потрошувачка изнесува 4,7 l/100 km со „CO2“ емисија од 110 g/km.

Покрај него, на располагање е трицилиндарски „PureTech“ со 130 ks и 230 Nm, во комбинација со шестстепен автоматик, и турбо-дизели, „BlueHDi“ со 100 ks и 254 Nm и „BlueHDi“ со 120 ks и 300 Nm.

c4 nova3

Послабиот дизел мотор е поврзан со петстепен, а помоќниот со шестстепен мануелен менувач.

Од „Citroen“ истакнуваат дека „BlueHDi 100“ просечно троши само 3,3 l/100 km и емитува 86 g CO2/km.

Редизајнираниот „C4“ во продажните салони ќе пристигне во 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП