28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИVivo X5 Max ја превзема титулата најтенок уред

Vivo X5 Max ја превзема титулата најтенок уред

vivo najtenok

Трката на кинеските производители во претставувањето на најтенкиот паметен телефон на светот, се чини дека нема крај.

По компанијата „Gionee“ и нивниот „Elife S 5.1“, уред со дебелина од 5.1 милиметри, и по „OPPO – R5“ кој има дебелина од 4.85 милиметри, водството сега го превзема компанијата „Vivo“ која го претстави моделот „X5 Max“.

Дебелината на алуминиумското куќиште изнесува само 4.75 милиметри, што му ја гарантира титулата најтенок паметен телефон на светот. „AMOLED“ екранот со резолуција од 1080p и 5.5 инчи дијагонала, има дебелина од само 1.36 милиметри. Овозможено е користење на две „SIM“ картички, една „microSIM“ и една „nanoSIM“.

vivo najtenok1

Внатре во уредот е сместен осумјадрен процесор „Qualcomm Snapdragon 615“ од 64-бити, кој содржи четири процесорски „Cortex-A53“ јадра на такт од 1,7 GHz и четири процесорски јадра на такт од 1.0 GHz. Покрај тоа достапна е 2 GB работна меморија, 16 GB простор за чување на податоци (која може да се прошири со „microSD“ картичка со капацитет до 128 GB), како и батерија од 2000 mAh.

Задната камера од 13 мегапиксели доаѓа со сензорот на „Sony IMX214“ и „LED“ блиц, додека предната камера е од 5 мегапиксели, што ја прави одлична за „селфи“ фотографии. Оперативниот систем е „Android 4.4.4“ во комбинација со интерфејсот „Vivo Funtouch OS 2.0“.

Vivo X5 Max“ ќе започне да се продава кон крајот на овој месец по цена од околу 485 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП