1 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГо надмина Twitter: Instagram го користат 300 милиони луѓе

Го надмина Twitter: Instagram го користат 300 милиони луѓе

ista twit

„Instagram“ сега има повеќе атктивни корисници од „Twitter“. Платформата за споделување на фотографии и видео снимки има 300 милиони корисници, што е за 16 милиони повеќе од конкурентот.

Меѓутоа, оваа бројка и натаму е значително помала во однос на „Facebook“ кој месечно го користат 1.3 милијарди луѓе.

Kорисниците на „Instagram“ за само еден ден поставуваат повеќе од 70 милиони фотографии и видеа. „Instagram“ не само што има повеќе корисници, туку расте и со поголема брзина отколку „Twitter“. На најпопуларната апликација за споделување на фотографии во светот, својата бројка ја дуплираше од минатата есен, кога овој сервис го користеа 150 милиони луѓе.

„Twitter“ достигна 200 милиони активни корисници во декември 2012-та, но оттогаш забави растот. Него го престигнаа дури и апликациите, како што се „WhatsApp“ и „Facebook Messenger“, кои ги користат повеќе од 500 милиони луѓе.

„Instagram“ во последно време имаше проблеми со голем број на лажни профили и спамови, но според зборовите на челниците на компанијата, тоа би требало наскоро да се реши.

Доколку не го користите „Instagram“ Ви предлагаме да започнете, а бесплатната апликација можете да ја превземете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП