„Nokia“ објави дека апликацијата за навигација „HERE“ веќе е достапна бесплатно за оперативниот систем „Android“. Таа може слободно да биде превземена од „Google Play“, доколку уредот ја користи верзијата 4.1 или понова на „Android“.

Засега таа е во бета верзија, постепено ќе се доработува и ќе остане бесплатна. Апликацијата е директен конкурент на „Google Maps“, а обезбедува мноштво можности.
Меѓу нив е гласовна навигација за 118 држави. Има и опција за симнување на мапи, што пак овозможува навигацијата да работи без постојана интернет конекција.
На располагање е функција за навигација со користење на градски транспорт. Има и опција за разговор со пријателите директно од апликацијата.
Паралелно со апликацијата за „Android“, „Nokia“ го ажурираше и сајтот „here.com“ во кој мапите можат да се користат преку компјутер. Покрај тоа, компанијата работи и на верзијата на „HERE“ за „iOS“. Таа ќе биде готова на почетокот на следната година.