18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLukoil ќе инвестира пет милијарди долари во Узбекистан

Lukoil ќе инвестира пет милијарди долари во Узбекистан

lukoil 43

Руската нафтена компанија „Lukoil“ до 2039-та ќе вложи близу пет милијарди долари во Узбекистан, рече претседателот на Русија, Владимир Путин по разговорот со узбекистанскиот колега Ислам Каримов.

Путин потенцираше дека „Lukoil“ моментално го развива наоѓалиштето за плин во Бухарската област.

Проектот предвидува до 2039-та година да бидат вложени околу пет милијарди долари, како и изградба на голем комплекс за преработка на плин со капацитет од осум милијарди кубни метри годишно.

Шефот на „Lukoil“, Вагит Алекперов изјави дека станува збор за инвестиција од уште пет милијарди долари, поради зголемените средства во проектот.

Алекперов преходно рече дека „Lukoil“ планира со Узбекистан да потпише договор за Кандимскиот проект.

Тој додаде дека и кинески компании се заинтересирани за учество од 30 проценти во проектот.

Станува збор за фабрика за преработка на гас и за истражување на наоѓалиштето. Според Алекперов, вредноста на фабриката и инфраструктурата е проценета на 2.8 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП