13 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако до првиот милион?

Како до првиот милион?

B

Според Дармеш Шах, ко-основачот на интернет маркетинг платформата „HubSpot“, патот до богатството не е брз ниту едноставен, но со одредени правила на однесување можно е да се достигне, пишува Inc.com.

Ова се некои од насоките кои би требало да ги следите ако сакате да се збогатите:

1. Престанете да бидете опседнати со парите

Не смеете да се фокусирате на парите, туку да ја промените перспективата. Не гледајте на парите како на примарна цел, туку како на нуспроизвод од работата на вистинските нешта.

2. Помагајте им на другите

Најуспешните луѓе многу им помагаат на другите. Ги разбираат другите и подготвени се да им помогнат во остварувањето на нивните цели бидејќи дури тогаш и тие можат да станат успешни.

3. Една работа правете ја подобро од другите

Пронајдете една работа во која сте подобри од останатите и константно работете на неа. Вежбајте, учете, напредувајте… Бидете умерено самокритични. Најуспешните луѓе барем една работа ја прават многу подобро од другите.

4. Со рутина до напредок

Никогаш не заборавајте дека за остварување на целите е потребно да изградите одредена рутина. На пример, ако сакате да напишете книга од 200 страници, треба да одредите колку страни ќе пишувате секој ден. Тоа е рутина.

5. Истражете што успешните луѓе ги прави успешни

Направете своја листа од 10 луѓе на кои им се восхитувате и кои се најуспешни во својата работа. Но немојте само да им се восхитувате туку погледнете на кој начин станале толку успешни. Тие критериуми искористете ги и за својот напредок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП