Индиската компанија „Micromax“ претстави нов мобилен телефон – „Micromax Canvas Selfie“, кој, како што говори неговото име, е наменет за љубителите на „селфи“ фотографии.
Најважната карактеристика на уредот е токму камерата, па предната е од 13-мегапиксели со „LED“ блиц, додека задната исто така е 13-мегапиксели со сензор на „Sony“ и „dual LED“ блиц.
Внатре во уредот се наоѓа осумјадрен процесор кој работи на такт од 1,7 GHz, 2 GB работна меморија и 16 GB слободен простор за чување на податоци со опција за проширување со „microSD“ картичка. Уредот има 4.7-инчен екран со 720p резолуција.
Поддржана е истовремена употреба на две нано „SIM“ картички, „3G“ поврзаност, „802.11n Wi-Fi“ и „Bluetooth“. Батеријата има моќ од 2300 mAh, додека оперативниот систем е „Android 4.4“.
Овој уред би требало да биде пуштен во продажба во текот на јануари, но засега се уште не е позната неговата цена.