19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ10 апликации кои ќе ви помогнат во бизнисот

10 апликации кои ќе ви помогнат во бизнисот

rabota app 35

Денеска е тешко да се замисли работењето без користење на апликации, кои покрај тоа што се корисни, често и ги олеснуваат бизнис процесите.

Според изборот на „Enterpreneur“, ова се 10-те апликации и алатки кои ќе Ви помогнат во работењето:

1. „Coshedule“

Лесен „Wordpress“ додаток кој нуди едноставни решенија за уредување на блогови, интернет страни и содржини во целина.

2. „Optimizely“

Aпликација која овозможува да поставите одредени рокови и да водите извештаи.

3. „Intercom“

Со оваа алатка можете да ги следите активностите на корисниците кои ги користат вашите „online“ алатки и апликации.

4. „Fuze“

„Fuze“ е видео и конференциска видео услуга која им овозможува на корисниците за време на повиците да испраќаат пораки и датотеки.

5. „Mailbox“

Aпликацијата е создадена за да ги оптимизира „e-mail“ опциите на мобилните.

6. „Mynd“

Oваа апликација е многу корисна, затоа што ќе Ве поврзе со вашиот моментален календар и ќе ве предупреди кога имате во распоредот состанок и слично.

7. „ZenPayroll“

Со оваа апликација се контролира системот за следење на работниците, а самата апликација го олеснува административното следење на вработените.

8. „IconFinder“

Aпликацијата ќе ви помогне да ги пронајдете најдобрите икони за вашите апликации или интернет страни.

9. „Canva“

Aпликација која создава многу добар графички дизајн. Исто така, таа го следи комплетниот графички дизајн на вашиот компјутер, па така „layout“-от можете да го менувате според вашата желба.

10. „Buzzsumo“

Oваа апликација ја анализира содржината, а воедно е алатка која истражува кои содржини се најдобри за одредена цел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП