23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПретставен моделот Wald International 2014 Audi A5 Sports (фото)

Претставен моделот Wald International 2014 Audi A5 Sports (фото)

wald 1

Jапонската тјунерска куќа „Wald“ е најпозната по дополнителната опрема за егзотични автомобили, но од време на време во рамките на нивните проекти се опфатени и обични модели.

wald 2

„Wald Audi A5 Sportback“ e нешто што досега не е видено од страна на оваа компанија, бидејќи станува збор за модел кој го одликува живописен дизајн со затемнет поклопец на моторот, украсни компоненти со црвена боја и црвени бандажи.

wald 3

Тоа што исто така го одликува е предниот спојлер, задниот дифузор, покривот со мат црна боја, украсни компоненти со црвена боја на браниците, пар странични додатоци, како и издувни цевки на излезниот систем од нерѓосувачки челик. Некои од компонентите одговараат на други „Audi“ модели, како што се „S7“ и „RS7“.

wald 4

Од „Wald“ се особено горди со придушувачите изработени од нерѓосувачки челик, бидејќи на задниот дел на моделот „A5“ му даваат агресивен изглед, т.е. одлично се дополнуваат со новиот дифузор. „Wald“ обезбеди и нов сет на тркала кои се достапни во различни бои, но како и секогаш, нема никакви модификации кога станува збор за внатрешноста и перформансите на возилото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП