22 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes GLE Coupe тргнува во „битка“ со BMW X6 (фото+видео)

Mercedes GLE Coupe тргнува во „битка“ со BMW X6 (фото+видео)

gle coupe

„Mercedes“ ги објави фотографиите и техничките детали за новиот кросовер – „GLE Coupe“, кој светска премиера ќе има на саемот за автомобили во Детроит во јануари следната година.

Потврдата дека „BMW“ сепак не погреши кога во 2008-ма година на купувачите им понуди целосно нов концепт на возила, купе-кросовер, шест години подоцна ист таков модел пристигнува и од главниот конкурент.

gle coupe1

GLE Coupe“ претставува продукциска верзија на „Mercedes Concept Coupe SUV“ од април 2014-та.

Разликите во дизајнот на надворешноста меѓу двете возила не се големи.

Промените главно се во некои детали кои на концептот изгледаат ефектно, но кои се не економични или практични, како рачките кои се сокриени во вратите, специфичните стоп-светла или тесните ретровизори.

gle coupe2

„Mercedes GLE Coupe“ е поставен на платформата од моделот „ML“, кој по новата номенклатура на германскиот производител ќе ја има ознаката „GLE“, но во споредба со ова класично „SUV“ возило има модифицирана суспензија и управувачки систем.

Купе-кросоверот е долг 4.900 mm, широк 2.003 mm и висок 1.731 mm, a меѓуосовинското растојание е 2.915 mm.

gle coupe3

И додека „GLE Coupe“ според надоврешноста значително се разликува од „Mercedes ML“, зa ентериерот неможе да се каже дека е иновативен.

Повеќето стилски елементи се превземени од актуелниот „ML“, а новитет е големиот екран на мултимедијалниот систем кој е во форма на таблет.

gle coupe4

На купувачите на почетокот ќе им бидат достапни две бензински и една дизел верзија.

Дизелот „GLE 350 d 4MATIC“ под хаубата ќе има 3.0-литарски „V6“ со 258 ks (190 kW) и 620 Nm максимален вртежен момент.

gle coupe5

Тие кои ќе се одлучат за бензинец на располагање ќе го имаат „GLE 400 4MATIC“ со 3.0-литарски „V6 bi-turbo“ мотор кој произведува 333 ks (245 kW) и 480 Nm.

Покрај него во понудата ќе биде достапен и „GLE 450 AMG“, модел од новата „AMG Sport“ серија.

Автомобилите од „AMG Sport“ серијата во гамата на „Mercedes“ ќе бидат позиционирани под класичните „AMG“ модели, а на пазарот ќе бидат ривали на „BMW – M Performance“ групата на возила.

gle coupe6

„Mercedes GLE 450 AMG Coupe“ ќе користи 3.0-литарски „V6 bi-turbo“ мотор со 367 ks (270 kW) и максимален вртежен момент од 520 Nm. Моќта на моторот ќе се пренесува на сите 4 тркала со помош на деветбрзински „9G-TRONIC“ автоматски менувач.

„GLE 450 AMG“ се разликува од стандардните верзии и по специфичните „AMG“ елементи на надворешноста, како што е големиот преден отвор за воздух, малиот спојлер на завршетокот на поклопецот на багажникот, специјално дизајнираните 21-инчни алуминиумски бандажи или изборните 22-инчни тркала.

gle coupe7

Во врвот на понудата на моделот „GLE Coupe“ подоцна ќе се најде и „GLE 63 AMG“, опремен со 5.5-литарски „V8 bi-turbo“ бензинец со околу 570 „коња“.

Првиот „Mercedes“ купе-кросовер во продажните салони ќе пристигне во втората половина од 2015-та година, кога ќе биде позната и неговата цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП