21 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИРаката наскоро ќе стане смартфон? (видео)

Раката наскоро ќе стане смартфон? (видео)

raka smartfon

Зависниците од смартфоните наскоро ќе може да имаат уред кој ќе им овозможи да уживаат во своите омилени уреди (во случајот не станува збор за водоотпорен смартфон).

Зборуваме за белегзија, која го проектира екранот на смартфонот на рака. Инвеститорите во проектот наречен „Cicret“, се надеваат да го сменат начинот на употреба на смартфоните, поврзан со постојаното вадење од џебовите и нивното активирање.

Преку белегзија, која се активира со едно вртење на раката и го проектира екранот на смартфонот, ќе имате пристап до функциите на телефонот. Нараквицата вклучува минипрожектор, микропроцесор, а располага со „Wi-Fi“, „Bluetooth“ и „USB“-порт. Таа исто така е достапна во две верзии со 16 гигабајти внатрешна меморија или со 32 GB меморија, како и во 10 бои.

Моделот се уште е прототип и не е пуштен во продажба. Според програмерите, треба да биде собран капитал од најмалку 1,2 милиони долари за проектот да стане реалност. Покрај прашањето за тоа дали средствата ќе бидат собрани, тука е и прашањето и колку би чинел новиот уред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП