6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJaguar: Спортски кросовер, а не SUV!

Jaguar: Спортски кросовер, а не SUV!

jaguar krosover

„Jaguar“ e само еден од неколкуте производители на луксузни автомобили кој најави производство на полутеренски модел кој не е карактеристичен за тој бренд. Во компанијата сакаат да направат јасна разлика – нивниот модел ќе биде дел од кросовер сегментот, а не од „SUV“.

Во интервју за „Autocar“, шефот на компанијата „Jaguar-Land Rover“, Ралф Спет, инсистира на тоа дека продукциската верзија на концептот „C-X17“ ќе биде „спортски кросовер“.

„Едноставно, „Jaguar SUV“ не е во нашиот план. Нашата компанија произведува и теренски автомобили, но во рамките на марката „Land Rover“. Тие се задолжени за тој автомобилски сегмент“, вели Спет.

Тој додаде дека идниот „Jaguar“ кросовер ќе биде првенствено наменет за возење по патишта.

Автомобилот ќе биде базиран на концептот „C-X17“ од 2013-та, но ќе има различна ознака. Премиерата се очекува до крајот на 2015-та година, возилото во продажните салони би требало да пристигне во почетокот на 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП