8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПримероците на Ferrari FXX K веќе се распродадени (фото+видео)

Примероците на Ferrari FXX K веќе се распродадени (фото+видео)

fxx

Како и обично кога станува збор за некој од специјалните модели на „Ferrari“, се покажа дека „FXX K“ е распродаден и пред да биде претставен на јавноста.

Иако „Ferrari FXX K“ е двојно поскап од „LaFerrari“, врз кој е заснован, сите 32 примероци колку што ќе бидат произведени во Маранело, веќе ги добија своите сопственици кои платија по 3 милиони долари.

fxx1

Вистина е дека автомобилот нема да им биде испорачан, со оглед дека е наменет исклучиво за возење на патека. „Ferrari“ за купувачите ќе организира специјална манифестација со цел да им овозможат да го возат својот „FXX K“ примерок на тркачка патека, а претходно сопствениците ќе минат низ програма за обука за управување на овој специфичен автомобил.

Погледнете ја првата снимка од „Ferrari FXX K“ кој беше возен на патеката „Yas Marina“ во Абу Даби при презентацијата на овој модел:

„Ferrari FXX K“ зa погон го користи хибридниот систем од „LaFerrari“ кој се состои од „V12“ мотор со зафатнина од 6.262 ccm и електромотор.

Бензинецот произведува 860 ks (633 kW), што е за 60 ks повеќе од „LaFerrari“, додека моќта на електричниот мотор е зголемена за 27 ks и изнесува 190 ks (140 kW).

fxx2

Во конечниот збир, возачот на „Ferrari FXX K“ на располагање има 1050 ks (772 kW) и 900 Nm максимален вртежен момент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП