15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкопје меѓу 15-­те најдостапни градови во светот за туристи според цените за...

Скопје меѓу 15-­те најдостапни градови во светот за туристи според цените за сместување

Skopje-Macedonia_square27

Скопје се наоѓа на 13. место на ранг­листата на најдостапни градови во светот во 2014 година според индексот на цените за сместување, покажува истражувањето спроведено од веб-страницата GoEuro.com.

Станува збор за индекс кој ги следи состојбите во над 60.000 сместувачки капацитети во повеќе од 150 градови во светот, а чија цел е да се утврдат ефектите од новите трендови во хотелската индустрија.

Според истражувањето, растечката популарност на глобално достапната мрежа за обезбедување сместување Airbnb и континуираниот раст на индустријата на хостели денес се сметаат како важни фактори за сите кои сакаат да патуваат и да букираат ноќевање.

На објавената ранг­листа на GoEuro.com. Скопје е меѓу 15­те градови во светот со најприфатливи цени за сместување во сите категории. Њујорк е рангиран како најскап град воопшто, а Тирана како најевтин. На албанскиот главен град друштво во групата најевтини градови во светот од регионот и прават Софија, која е рангирана на третата позиција, Букурешт на седмата и Белград на деветата.

GoEuro.com. е веб-­страница лоцирана во Берлин за пребарување информации за патувања низ Европа и нуди споредби, односно комбинира опции за патувања со авион, железница, автобус или рента­кар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП