7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИИсторијата на Android (видео)

Историјата на Android (видео)

and star

„Android“ денеска е најраспространетиот оперативен систем во светот кој се користи во милиони смартфони, таблети и други уреди. Меѓутоа, секогаш не било така. Скромниот почеток на неговиот живот се случи во 2008-ма.

Тој прв „Android“ – кој имаше деби на смартфонот „T-Mobile G1“, познат како „HTC Dream“ – изгледаше многу поразлично од денешните. Беше многу бавен, несмасен, и да бидеме искрени, премногу грд.

Но затоа што „Google“ е сепак „Google“, „Android“ многу бргу доби надоградување и за неколку години беше многу посовремен. Системот во текот на годините мина низ различни облици, големини, а денеска „Android“ постои не само на таблетите и смартфоните, туку и на автомобилите.

Која е иднината на „Android“? Тоа сигурно го знаат само неколку „паметни глави“ од компанијата „Google“, но нема сомневање дека и ние останатите сме подготвени за „возењето“ кое ќе ни се понуди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП