4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед влезе во серија и се искачи на третата позиција

Јунајтед влезе во серија и се искачи на третата позиција

vanpersi

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја забележаа петтата победа по ред и избија на третото место во англиската Премиер лига.

Тие синоќа на гостински терен го совладаа Саутемптон со 2:1 најмногу по заслуга на Робин ван Перси кој
погоди во 12. и 71. минута.

Голот за домаќините беше дело на Грацијано Пеле во 31.минута.

Со новите три бода тимот предводен од Луј ван Гал полека фаќа приклучок со водечките две позиции кои пред 5-6 кола изгледаа недостижни.

Во текот на викендот се одиграа другите дуели од 15.коло: Вест Хем – Свонси 3:1, Астон Вила – Лечестер 2:1, Њукасл – Челзи 2:1, Хул – ВБА 0:0, Ливерпул – Сандерленд 0:0, КПР – Барнли 2:0, Стоук – Арсенал 3:2, Тотенхем – Кристал Палас 0:0 и Манчестер Сити – Евертон 1:0.

Табела: Челзи 36 бодови, Манчестер Сити 33, Манчестер Јунајтед 28, Вест Хем 27, Саутемптон 26, Арсенал 23,…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП