5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрисел целосно парализиран поради штрајк

Брисел целосно парализиран поради штрајк

Baqeri_d20120130054924737

Штрајкот на транспортните работници денеска целосно го блокира јавниот превоз во Брисел и спречи десетици илјади луѓе да заминат на работните места.

Автобусите, трамваите, метрото и железницата не сообраќаат од шест часот изутринава, а членови на синдикатот ги блокирале и магистрачните патишта кои водат кон главниот град на Белгија.

Штрајкот е дел од планираната серија протести кои се одржуваат секој понеделник во знак на предупредување до Владата поради нејзините намери да ја зголеми старосната граница за заминување во пензија од 63 на 67 години, согласно мерките за штедење.

Авионскиот сооббраќај, исто така, е нарушен бидејќи штрајкувачите го блокирале националниот аеродром.

За следниот понеделник е закажан генерален штрајк кој ќе ја опфати цела Белгија, а Владата засега нема намера да се откаже од најавените мерки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП