25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВака функционира Cortana зa Windows 10 (видео)

Вака функционира Cortana зa Windows 10 (видео)

cortana 10

Персоналниот асистент „Cortana“ наскоро ќе пристигне и на компјутерите во верзијата на софтверот „Windows 10“, а првите знаци за интеграција на овој сервис се забележани во „build 9860“, лансиран пред неколку месеци.

Интернет страната „WinBeta“ сега го објави и првото видео, кое ја прикажува „Cortanа“ во акција во десктоп верзијата. Не е познато во кој „build“ „Cortana“ ќе се појави, но сега е дефинитивно јасно дека наскоро ќе бидеме во можност лично да ги тестираме функциите на овој персонален асистент.

Кога станува збор за актуелната верзија, јасно е дека се работи за неколку функции кои моментално се достапни, но има најава дека „Microsoft“ планира на десктоп верзијата да го има сето тоа што „Cortana“ го нуди и на „Windows Phone“ платформата.

Постоечката верзија на „Cortanа“ за десктоп може да функционира како потсетник, да лансира апликации инсталирани на компјутерот, да ја прикажува прогнозата на времето и да проверува локации. Некои функции и натаму недостасуваат, па со „Cortanа“ се уште неможе да се води разговор.

Според објавата од „Microsoft“, стабилна верзија на оперативниот систем „Windows 10“ би требало да пристигне кон крајот на летото или почетокот на есента следната година, а со нив и подобрената верзија на „Cortana“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП