19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЌириќ: Ќе бидеме репрезентација за почит

Ќириќ: Ќе бидеме репрезентација за почит

sasa

Поранешниот македонски репрезентативец и голгетер на бундеслигашите Нирнберг и Ајнтрахт, Саша Ќириќ кој ја врши функцијата технички менаџер и очекува младата репрезентација на Македонија на следните натпревари да постигне големи резултати.

­ Успеавме да создадеме позитивна атмосфера околу репрезентацијата, а тоа во голема мера влијаеше за двете последни победи на контролните натпревари против Црна Гора и Романија.

Најмногу ме радува играта која тимот ја прикажа на натпреварите, потврдуваме дека со секој следен натпревар го надминувме т.н. „комплекс на пониска вредност”.

И не само јас, веројатно многу поважно и играчите ја потенцираат добрата енергија во тимот, тоа значи дека сме на вистинскиот пат, истакнува Ќириќ.

Тој смета дека резултатот на репрезентацијата ќе зависи и од противниците кои ќе ги добиеме на извлекување за квалификациите за Европското првенство.

­ Ако ги земеме резултатите од последните квалификации, ние не сме фаворити, но да ја почекаме ждрепката и врз основа на противниците да даваме прогнози.

Знам дека го респектираме секој противник, но не се плашиме. Во секој натпревар мораме да влеземе максимално сериозно, во спротивно ќе биде многу тешко.

Убеден сум дека играчите ќе бидат подготвени физички и психички и со позитивна енергија ќе влеземе во новиот циклус на
натпревари од кои очекуваме радост и победи.

Ние во секој случај ќе бидеме репрезентација за почит и респект, ниту главниот фаворит во групата нема да мине лесно и да смета на
сигурни бодови против оваа наша репрезентација.

Дел од играчите како Радевски, Велковски, Бабунски веќе имаат настапи и за А репрезентацијата на Македонија, тоа дава нова потврда за квалитетот на младата селекција, се надевам дека во блиска иднина ќе го потврдиме тоа и на важните квалификациски натпревари, изјави Ќириќ за веб страната на ФФМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП