18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMitsubishi Attrage пристигнува во Европа (фото)

Mitsubishi Attrage пристигнува во Европа (фото)

attrage

„Mitsubishi Motors“ минатата година и официјално го претстави својот нов седан „Attrage“ (кој инаку се произведува во Тајланд), a потоа во јануари 2014-та на саемот во Монтреал беше промовирана и верзијата за канадскиот пазар (под името „Mirage G4“).

Во меѓувреме е најавено дека овој седан ќе се најде и на пазарот во САД, а сега пристигнува информација дека европската верзија премиера ќе има следниот месец на авто-саемот во Брисел (од 15-ти дo 25-ти јануари 2015-та година).

attrage1

Во Европа ќе се користи името „Attrage“, a од компанијата потсетуваат дека името е настанато од комбинација на англиските зборови „Attractive“ и „Mirage“, мал хечбек модел со 5 врати кој во Европа инаку ќе се продава како „Space Star“.

Седанот „Attrage“ (должина 425 cm, зафатнина на багажникот 450 литри) го придвижува 1.2-литарски трицилиндарски бензинец со 80KS i 106 Nm, во пар со мануелен петостепен менувач или „CVT“ трансмисија. Просечната потрошувачка на гориво според фабричките податоци е 4,9 l/100 km, додека емисијата на „CO2“ изнесува 113 грама по километар.

attrage 2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП