8 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајдобрите смартфони за фотографии (фото)

Најдобрите смартфони за фотографии (фото)

best kamera naslovna

Во морето од паметни телефони на пазарот, во моментов изборот е исклучително тежок. Она што може да го олесни сепак, е одговорот на прашањата за она за што ќе биде користен смартфонот, како и какви се вашите лични барања за дизајнот и оперативниот систем.

За една голема група на корисници, смартфонот да прави добри слики е исклучително клучен критериум.

Еве и кои смартфони прават најдобри фотографии во моментов, според весникот „Huffington Post“:

„iPhone 6 Plus“

best kamera 1

Иако е со само 8 мегапикселна камера, смартфонот на „Apple“ прави едни од најдобрите фотографии, особено во слабо осветлена средина. Тоа најновиот модел го постигнува со добро избраната камера, која се одликува со ленти за брзо снимање, која може да снима видео во „HD“ формат.

„Sony Xperia Z3“

best kamera 2

Ова е еден од најдобрите „Android“ смартфони на пазарот во моментов. Дел од причината за тоа е исклучителната камера, со која располага моделот, со сензори „EXMOR RS“ и голем 25-милиметарски широкоаголен објектив за снимање.

„Nokia Lumia 930“

best kamera 3

Моделот е еден од најрепрезентативните од серијата „Lumia“ со оперативен систем „Windows 8.1“. Тој исто така се одликува со една од најдобрите камери на пазарот во моментов. Располага со објектив од „Carl Zeiss“ (f / 2,4), кој помага за многу јасни и заситени слики. Постои, исто така, двоен „LED“-блиц за фотографирање при слаба осветленост. Во прилог ви нуди многу добар софтвер за обработка на сликите.

„HTC One M8“

best kamera 4

Ова не е само еден од најдобрите во потрагата за „Android“ паметен телефон на пазарот во моментов, но и тој прави и многу добри слики. Она што во голема мера го прави добар е камерата, која е единствена, затоа што има два објективи за динамично фотографирање и поголема длабочина на фотографиите. Двојното снимање овозможува уредување на фотографиите и додавање на слики и објекти, дури по фотографирањето.

„Oppo N3“

best kamera 5

Овој не многу познат модел на кинескиот производител се одликува со 16-мегапикселна камера која може механички да биде свртена напред и да се користи и при популарните „селфи“ фотографии. Нешто со кое другите смартфони не можат да се пофалат во моментов.

„LG G3“

best kamera 6

Новиот модел на „LG“, освен тоа што е со еден од најдобрите дисплеи на пазарот во моментов, се одликува и со извонредна камера со ласерско насочување и фокусирање. Ова овозможува 13-мегапикселната камера да прави многу јасни и фокусирани фотографии и да е со чекор пред конкурентите. Камерата има можност исто така да снима видео во формат „4K“.

„HTC Desire Eye“

best kamera 7

Според надворешноста моделот изгледа многу сличен со горенаведениот „M8“. Тој, сепак располага со подобрена 13-мегапикселна камера со двоен „LED“-блиц, а исто така е водоотпорен, што го прави погоден за слики во екстремни услови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП