15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА продолжува да ги „чешла“ клубовите за финансискиот ферплеј

УЕФА продолжува да ги „чешла“ клубовите за финансискиот ферплеј

fair play uega

УЕФА ја продолжува истрагата против Ливерпул, Монако, Рома и уште четири екипи за евентуални прекршувања на финансискиот ферплеј. Од УЕФА објавија дека нови шест клубови исто така ќе бидат испитани.

Предметните клубови се должни да обезбедат ажурирани сметководствени документи до февруари како дел од мониторингот во врска со финансиските правила.

Од УЕФА прецизираа дека првичните седум клуба Ливерпул, Монако, Рома, Интер, Бешикташ, Спортинг (Лисабон) и Краснодар го искористиле своето право на сослушување.

Под истрага ќе бидат уште Спарта (Прага), Хал Сити, Лион, Панатинаикос, Рух и Волфсбург.

Во оваа сезона под мониторингот на УЕФА спаѓаат вкупно 115 клуба, кои учествуваат во европските натпреварувања. Во секое време од сезоната од нив може да биде побарана дополнителна информација, вклучувајќи ги и долговите.

„Воведувањето на Правилникот за финансиски ферплеј веќе има позитивно влијание врз степенот на долгови. Тие се намалени од 57 милиони евра во јуни 2011-та година до 8 милиони евра во јуни 2014-та година“, се вели во соопштението на УЕФА.

„Покрај тоа, загубите пријавени од европските елитни клубови во финансиската 2013-та година се намалија до 800 милиони евра од рекордниот дефицит од 1,7 милијарди евра во 2011-та година“, дополнуваат од Нион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП