26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMalaysia Airlines се повлекува од берзата

Malaysia Airlines се повлекува од берзата

malaysia_033

Авиокомпанијата „Malaysia Airlines“ ќе ја откаже котизацијата на акциите на берзата во Куала Лумпур од 15. декември во рамките на реструктуирањето на компанијата која е на работ на банкрот.

Малезискиот авиопревозник во пишана форма ја извести Берзата на оваа југоисточна земја, не давајќи појасни објаснувања.

Државниот инвестициски фонд „Khazanah Nasional“, кој поседува 70 проценти од компанијата „Malaysia Airlines“, принуден е да спроведе план за реструктуирање со цел компанијата да избегне банкрот по двете катастрофи кои и се случија во март и јули оваа година.

Во март авион на оваа авиокомпанија на летот MH370 (Куала Лумпир – Пекинг) исчезна со 227 патници и 12 членови на екипажот.

Потоа, друг авион на оваа авиокомпанија со 298 патници и челнови на екипажот се сруши во воената зона во источниот дел на Украина.

Поради овие две несреќи дрстично е намален бројот на патници во авионите на малезиската авиокомпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП