21 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Mercedes C-Сlasѕ Coupe ќе се појави до крајот на 2015-та

Новиот Mercedes C-Сlasѕ Coupe ќе се појави до крајот на 2015-та

coupe c class

Купе верзијата на најновата генерација на „Mercedes C-Сlasѕ“ ќе биде претставена во декември 2015-та година, дознава магазинот „Auto Motor und Sport“.

Во споредба со лимузинската верзија, моделот со две врати ќе има нагласен спортски дизајн, а се очекува да биде долг околу 4,7 метри и незначително поширок и понизок од актуелниот „Mercedes C-Сlasѕ Coupe“.

На располагање ќе биде палета на мотори која се користи за погон во новата „C-Сlasѕ“. Понудата би можела да опфати четирицилиндарски 2.0-литарски бензинци во опсег од 184 ks дo 238 ks, како и 3.0-литарски „V6“ кој произведува 333 ks.

Што се однесува до дизелите, најсериозни кандидати за погонските единици на купе „C-Сlasѕ“ се 2.1-литарскиот четирицилиндарски со 204 и 238 ks.

„AMG“ верзијата е планирана за 2016-та, а под хаубата ќе се наоѓа 4.0-литарски „V8“. На купувачите би требало да им бидат понудени две верзии од овој мотор со 476 и со 510 ks.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП