26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонференција за управување со отпад од пакување

Конференција за управување со отпад од пакување

Untitled

Стопанската комора на Македонија денеска организира конференција на тема: „Управување со пакување и отпад од пакување ­- како до исполнување на националните цели?“.

Цел на конференцијата е да ги идентификува состојбите, проблемите и предизвиците, како и да предложи мерки за сите чинители во процесот на управување со отпад од пакување за зголемување на стапките на рециклирање на отпад од пакување и достигнување на националните цели до 2020 година, соопшти Стопанската комора на Македонија.

На конференцијата ќе учествува и ќе се обрати министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, а со свои презентации ќе учествуваат и претставници на колективни постапувачи со отпад од пакување од Белгија и Романија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП