7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВајр - нова апликација што е закана за Скајп и ВотсАп

Вајр – нова апликација што е закана за Скајп и ВотсАп

wire

Еден од основачите на програмата „Скајп“ претстави нова апликација што треба да ги подобри услугите и реши проблемите на ваквите случни апликации.

Апликацијата „Вајр“ има цел да ја комбинира понудата на ВотсАп, Слак и Скајп во едно.

– Скајп се појави пред повеќе од една деценија. Од тогаш многу работи се имаат променето, сите веќе сме навикнати на бесплатни повици и пораки, како и на носење на нашите компјутери во џеб, изјави Јанис Фрис.

Според Фрис време е да се создаде најдобриот алат за комуникација, тој што е едноставно убав и корисен. Вајр е токму тоа, нагласи тој.

Во тимот на апликацијата „Вајр“ се лица од Шведска и Германија, кои претходно работеле за Скајп, Епл, Нокиа и Мајкрософт.

Вајр може бесплатно да се преземе за Епл и Андроид ОС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП