12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМилион патници летале од Скопје со „Wizz Air“

Милион патници летале од Скопје со „Wizz Air“

wizzair-at-macedonian-airport-alexander-the-great-in-skopje

„Wizz Air“, најголемата ниско буџетна авио-компанија во Источна Европа, денеска објави дека од стартот на нивната работа во Скопје во јуни 2011-та, до сега имаат превезено 1 милион патници.

„Wizz Air“ моментално имаат два авиони „Ербас А320“ кои досега имаат пренесено скоро 600.000 патници во последните 12 месеци на 14 рути во 8 земји. Ова се поклопува со очекувањата за 1 авион и 300.000 патници за година, најавено во 2012-та.

Меѓународниот аеродромски совет, кој претставува преку 450 аеродроми во 45 европски држави вклучувајќи ја и Македонија, откри дека за превезени милион патници, се подржуваат 1000 работни места во регионот. „Wizz Air“ е воодушевен што наместо да подржува 300 работни места во регионот, како што било предвидено, подржува 600.

„Ние сме воодушевени од извонредниот раст кој го забележуваме во Македонија. Во 2012-та година најавивме едeн авион во Скопје и со самото пристигнување на вториот авион во март 2014-та година, ги удвоивме сите наши очекувања креирајќи нови работни места и повеќе рути од Македонија. Ние остануваме посветени кога станува збор за поддршка на туризмот и на воздухопловството во државата. Моментално вработуваме 47 луѓе како дел од екипажот за овие два авиона и сè уште бараме нови кандидати. Ние сме им благодарни на нашиот персонал од Македонија и на патниците што го поддржуваат извонредниот пораст на македонските нискобуџетни рути“, изјави Даниел де Карвалхо од „Wizz Air“.

wizzair_onboard333-jpg

За „Wizz Air“

„Wizz Air“ е најголемата ниско буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, управувајќи со 54 „Airbus A320“ авиони и нуди над 340 рути од 19 бази поврзувајќи 104 дестинации низ 36 држави. Во „Wizz Air“, преку 2.100 авијациски професионалци нудат инзворедна услуга и ниска цена на билетите и го прават „Wizz Air“ подобриот избор за над 13.9 милиони патници во финансиската година 2014-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП