8 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОвие три факти за батериите сигурно не сте ги знаеле!

Овие три факти за батериите сигурно не сте ги знаеле!

baterija polnac nas

Кога на телефонот ќе се прикаже информацијата дека батеријата е 100 проценти полна, знајте дека ве лаже. Дознајте ги и другите две, повеќе од интересни факти за батериите.

Да не постојат батериите, денешниот живот веројатно нема да биде ист. Нив ги користиме во нашите мобилни телефони, лаптопи и бројни други електронски уреди. Меѓутоа, постојат неколку работи кои голем број на луѓе веројатно не ги знае, а се многу интересни.

Батеријата никогаш не се полни до крај!

baterija polnac

Кога на телефонот ќе се прикаже информацијата дека батеријата е 100 проценти полна, знајте дека ве лаже. Повеќето уреди се дизајнирани така што батеријата никогаш не ја полнат, односно не ја празнат до крај, бидејќи тие се најнестабилни во овие крајности. Наместо тоа, уредите користат околу 80 проценти во вкупниот капацитет на батеријата. Сега ја знаете вистината кога следниот пат телефонот ќе ви покаже дека е полн до крај.

Купувањето на евтини батерии и полначи, никогаш не е добар избор!

baterija polnac1

Постојат повеќе причини кои никако не треба да ги правите, но безбедноста е најважната од сите. Батериите со лош квалитет одеднаш можат да престанат да функционираат, а дури и да се запалат. Од друга страна, полначите без соодветна заштита можат на вашиот телефон да му „испраѓаат“ повеќе енергија од што е потребно, што може да доведе до експлозија.

Нема потреба од затворање на апликациите на вашиот телефон!

app store

„Apple“ и „Google“ се паметни компании и знаат дека, доколку на вашиот паметен телефон апликациите работат постојано, батеријата може многу бргу да страда. Оперативните системи на двете компании се дизајнирани така што автоматски ги исклучуваат апликациите кои не се користат. Иако „Android“ и „iOS“ покажуваат голем број на неодамна користени апликации, тие всушност не работат во позадина. Програмите за неколку минути автоматски за затвораат, веднаш штом ќе започнете нешто друго да работите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП