2 јули, 2025
ПочетнаАВТОБИЗMaserati со крупни чекори граби кон целта

Maserati со крупни чекори граби кон целта

maser 50

Кога пред неколку години беше објавена стратегијата која предвидуваше дека до 2015-та продажбата на „Maserati“ ќе достигне 50.000 aвтомобили, ретко кој веруваше дека планот навистина може и да се реализира. Кон крајот на 2014-та, италијанскиот производител е на добар пат да ја реализира зацртаната цел.

„Maserati“ соопшти дека за нешто помалку од 2 години во фабриката во близина на Торино, изработени се 50.000 возила од оваа марка, а само во последната година од производната лента излегле 40.000 примероци.

Во погонот кај Торино се произведуваат луксузните лимузини „Quattroporte“ и „Ghibli“, a покрај оваа фабрика, „Maserati“ изработува автомобили и во Модена.

maser 501

Педесетилјадитиот примерок ја зголеми прославата на јубилејот на компанијата која во 2014-та година слави 100 години постоење. Автомобилот е наменет за купувач во САД, „Maserati“ на северноамериканскиот пазар во 2014-та постави нов продажен рекорд, со оглед дека во првите 10 месеци се испорачани 10.700 возила.

Нов раст на продажбата на „Maserati“ се очекува и во 2015-та, кога ќе биде лансиран кросоверот „Levante“. Покрај овој нов модел, се верува дека компанијата ќе го исполни годишниот план на продажба од 50.000 автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар