Челзи, Арсенал и Манчестер Сити кои важеа за фаворите во дуелите со своите ривали на синоќешните натпревари од Премиер лигата ги освоија бодовите.
Шампионот Манчестер Сити иако губеше на гостувањето кај Сандерленд на крајот убедливо стигна до победата, исто како и Челзи во лондонското дерби со Тотенхем.
Најтешко до трите бода стигна Арсенал на средбата со Саутемптон, екипа која е на третото место.
Резултати на синоќешните натпревари од 14.коло во Англиското фудбалско првенство:
Арсенал – Саутемптон 1:0, Челзи – Тотенхем 3:0, Евертон – Хал 1:1 и Сандерленд –Манчестер Сити 1:4.
Во вторникот: Манчестер Јунајтед – Стоук 2:1, Лестер – Ливерпул 1:3, Барнли – Њукасл 1:1, Свонси – КПР 2:0, Кристал Палас – Астон Вила 0:1 и ВБА – Вест Хем 1:2.
Табела: Челзи 36 бодови, Манчестер Сити 30, Саутемптон 26, Манчестер Јунајтед 25, Вест
Хем 24, Арсенал 23,…