23 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСмартфоните на Apple ќе се вртат во воздух

Смартфоните на Apple ќе се вртат во воздух

ekran iphone

Компанијата „Apple“ пронајде спасително решение за ситуацијата во која телефонот се лизга од рацете и паѓа со екранот надолу, пишува „The Daily Mail“.

Гигантот од Купертино измисли технологија која му овозможува на уредот да се заврти во воздух за да се спречи кршење на екранот. Иако звучи како научна фантастика, всушност „Apple“ веќе ја има патентирано технологијата.

ekran iphone2

Според описот на патентот инженерите на технолошкиот гигант користат мотор за внатрешна вибрација, кој го контролира аголот на паѓање во воздухот. Различните сензори – акцелерометар, GPS, жироскоп и ултразвучен предавател, служат за анализа на аголот во реално време.

Процесор врши статистичка анализа на падот, споредувајќи ги собраните податоци со информации зачувани во меморијата на телефонот. Добиените податоци се праќаат кон мотор кој вибрира за да се активира ротација околу оската и да се промени тежиштето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП