27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовиот најтенок смартфон ќе биде претставен на 10-ти декември

Новиот најтенок смартфон ќе биде претставен на 10-ти декември

tenok nas

Трката за најдобар тенок смартфон продолжува, а од кинескиот производител „Vivo“ ветуваат дека ќе го претстават новиот најтенок уред во светот на 10-ти декември.

Смартфонот „Vivo X5 Max“ ќе биде со дебелина од само 4,75 милиметри и ќе го превземе овој рекорд од друг кинески производител – „Oppo“, чиј модел „R5“ е со дебелина од 4.85 милиметри.

Само оваа година бевме сведоци на сериозно истенчување кај најтенките смартфони, а титулата најтенок смартфон беше кај три различни производители (и трите од Кина).

tenok 1

Моделот „Vivo X5 Max“ ќе располага со 5.5-инчен екран со резолуција од 1080 x 1920 пиксели, а ќе работи со „LTE“-мрежите од следната генерација. Софтверот ќе е „Android 4.4 KitKat“, а задната камера ќе биде од 13-мегапиксели.

Тој исто така ќе располага со 5 мегапикселна предна камера. Процесорот на смартфонот ќе е осумјадрен од „MediaTek“ со фреквенција од 1.7 GHz и ќе има 2 GB RAM меморија. Засега не е познато каква ќе биде цената на уредот и дали ќе се нуди и надвор од Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП